Политичкиот аналитичар и поранешен претседателски кандидат Имер Селмани на ТВ21 ги коментираше позициите на потпретседателкот на ВМРО-ДПМНЕ, Александер Николовски, кој рече дека тие ќе бидат победници на изборите и дека ќе ги диктираат условите и покрај укажувањата на двата албански блока ВРЕДИ и „Европски фронт“, дека влада без Албанци не е можна и дека не прифаќаат коалиција со никого без уставни амандмани.



„… и ако имаме ситуација ВМРО-ДПМНЕ да го земе мандатот и да сака да формира влада, ќе мора да се соочи со барањата на албанските партии. И двете коалиции потврдија дека нема да учествуваат во влада која не ги прифаќа уставните измени“, рече Селмани.

Тој потсетува дека тоа било запишано и во нивната програма и не очекувам некој да се откаже од таквото барање.

„Тие се многу сигурни во своите барања и во ситуацијата што ја имаме, Николовски вели дека тие се тие кои ќе ги поставуваат условите, но за услови мора да имаат најмалку 61 пратеник.

Моноетничкото владеење во Македонија е невозможна мисија“, порача Селмани.