„Претседателот на ДУИ Али Ахмети деновиве изјави дека ДУИ не се ангажира за Голема Албанија, туку за Европа. Концептот за Голема Албанија не е албански изум, туку изум на непријателите на Албанците. Фашистичка Италија го создаде концептот за Голема Албанија, а противалбанската политика го искористи со голема злоба. Али Ахмети падна во опасната стапица на српската политика кога негираше измислица, која не постои. Со оваа изјава тој ги легитимизираше српските злосторства врз Албанците и албанската кауза ја означи како фашистичка идеологија.“ – вели новинарот Насер Селмани, поранешниот претседател на Здружението на новинари на Македонија, во својата колумна со наслов „Зошто Али Ахмети ја напаѓа ‘Голема Албанија’, измислицата на Србија!?“.
Во колумната, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“, Селмани пишува: Претседателот на ДУИ Али Ахмети деновиве изјави дека ДУИ не се ангажира за Голема Албанија, туку за Европа. Изјавата помина во молк иако е многу тешка, да не кажеме и противалбанска. Овој срамен молк докажува дека Албанците во * Македонија сè уште немаат формирано одговорна политичка, интелектуална и академска елита, ниту професионални медиуми, кои можат навреме да ги откријат опасните противалбански тези и навреме да ја алармираат јавноста. Изјавата на Ахмети е многу опасна. Болно е кога таква изјава доаѓа од албански политичар, произлезен од војната!
Концептот за Голема Албанија не е албански изум, туку изум на непријателите на Албанците. Фашистичка Италија го создаде концептот за Голема Албанија, а противалбанската политика го искористи со голема злоба. Во 1939 година Италија ја нападна Албанија и ја употреби Голема Албанија како мамец, за да го прошири своето влијание врз другите албански територии. Албанското движење за независност никогаш не ја искористи оваа измислица. Нејзините водачи се залагаат за албанска држава, ниту голема ниту мала, но толку голема колку што беа албанските територии на почетокот на дваесеттиот век, со единствено име – Албанија.
Концептот за Голема Албанија беше поттикнат од српските противалбански центри. елград го користеше, за да ја криминализира албанската кауза, прекривајќи ја со фашистичка идеологија. Со овој изговор Србија со векови ја оправдуваше својата геноцидна политика на истребување на Албанците. Али Ахмети падна во опасната стапица на српската политика кога негираше измислица, која не постои. Со оваа изјава тој ги легитимизираше српските злосторства врз Албанците и албанската кауза ја означи како фашистичка идеологија. Не можеше да им направи полоша услуга на Албанците во * Македонија и воопшто на Албанците во регионот.
Незнаењето не го оправдува, затоа што кога застанува како претставник на еденнарод, мора да внимава кога зборува за чувствителни прашања. Невнимателен е, затоа што е во голема неволја! Дојде време за одговорност, поради нанесувањето штета на албанската кауза во * Македонија. Наместо да го спроведе Охридскиот договор до 2004 година, за кој имаше меѓународни гаранции, тој го одолговлекуваше 22 години. Главните столбови на тој договор, албанскиот јазик, застапеноста, децентрализацијата, се уште не се спроведени.
Сега им испраќа шифрирани пораки на авторите на големоалбанската измислицата Голема Албанија, за да му ја спасат главата. Понудата е соработка за ставање на албанското прашање во заложништво. Албанците знаат дека Али Ахмети не работел за интересите на Албанците во Северна Македонија, но не очекувале да го најдат на фронтот на Голема Србија! Албанците од * Македонија знаат дека Али Ахмети не работеше за нивните интереси, но не очекуваат дека ќе го најдат на фронтот за Голема Србија!





