„ВМРО ДПМНЕ се обидува преку темата за дестабилизација да го дефокусира мислењето од реалните проблеми, со кои се соочуваат граѓаните, односно од економската криза, што ја зафати државата.“ – тврди ТВ Клан Македонија во својата информација, во која донесува искажувања на д-р Башким Селмани, професор по безбедност во Правниот факултет на државниот Универзитет, според кого, наводно, „ВМРО ДПМНЕ намерно шири вакви теми“.
Натаму, ТВ Клан Македонија пишува: Професорот Селмани вели дека „нема разлика од ВМРО ДПМНЕ на Груевски’, која според Селмани, е „главниот виновник за блокирањето на интеграцијата на * Македонија во ЕУ“. „Најавите на премиерот Мицкоски се неосновани и неодржливи затоа, ако станува збор за албанското прашање, Албанците се жртвуваа, за да имаат Македонците држава, граници и сите оние приоритети, во кои уживаат во овој момент. Премиерот Мицкоски мора да се справи со поранешниот премиер Груевски, бидејќи тој ја внесе иднината на * Македонија во длабока економска криза. Оваа власт не сака, или нема интуиција да излезе од претходниот чадор на минатото.“
Според професорот Селмани, “секое неосновано предупредување за криза, или дестабилизација, е обид да се заплашат граѓаните“. „Познавајќи го стариот менталитет на ВМРО ДПМНЕ, оваа партија добивала гласови , таа секогаш добивала гласови преку бесен национализам и економска и политичка несигурност. ВМРО ги доживеа и ги искористи сите појави на национализмот. Гласањето и сегашната бројка во Собранието не е природно гласање, туку е агресивен национализам, со кој сега оди Владата по патот, што не е од интерес и корист на државата.“ – тврди Башким Селмани.
Премиерот Мицкоски и други експоненти на Владата ги најавуваат дестабилизирачките сценарија кај нас. Во последно време кон таквите најави им се придружија и партнерите на Мицкоски од коалицијата Вреди, кои ја обвинуваат ДУИ дека се обидува да ја дестабилизира државата со наметнување етнички теми.
Неодговорен овчар ставил во тешка опасност десетици македонски граѓани (ВИДЕО)






