Во тек се преговори во владината коалиција за прераспределба на министерски позиции и мини владина реконструкција, пишуваат повеќе медиуими на албански јазик.
Според информациите една од опциите е нов министер за Локална Самоуправа да стане пратеникот Весел Мемеди а во пакетот кој што треба да го добие АА е и Секретаријатот за евроинтеграции кој што го води Вицепремиерот Бујар Османи.
Според шпекулациите комбинацијата со Мемеди се случува затоа што на премиерот Заев веќе не му требал гласот на Мемеди во Собранието но и затоа што имало сомнеж дека Мемеди е инволвиран во настаните од 27 април.
Обвинителството пред неколку дена заедно со телефонот на екс спикерот Трајко Вељановски го одзеде и мобилниот телефон на Весел Мемеди. ЈО смета дека во нивните телефони има податоци кои што може да помогнат во истрагата за 27 април.
Предходно весникот Фокус објави дека министерката Рената Десковска може да се префрли од образование во правда. За промени во владата пишуваше и Алсат М при што се тврдеше дека партијата на Села може да го добие вицепремиерското место на Османи затоа што против него се водела преистражна постапка од страна на СЈО, пренесува порталот fol.mk кој важи за близок на Алијансата на Албанците на Зијадин Села.





