Села: Таравари сам треба да ги расчисти дилемите

 

Во врска со преминот на Таравари во Европскиот фронт, Зијадин Села, некогашниот партиски другар во поделената Алијанса за Албанците, вели дека Арбен самиот мора да ги разјасни работите.



„Нека Таравари самиот ги разјасни дилемите, па ќе имам одговор, бидејќи тој многу брзо се менува. Понекогаш го кажува ова, понекогаш она, па не можам да ги следам неговите лаги“, изјави Села.

Изјавата на Села дојде по вчерашната средба на Села со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

По средбата, Села изјави дека на оваа средба е направена координација и дека се разговарало за актуелните процеси во земјата.

Села рече дека се разговарало и за изборните листи, но дека нема конкретен договор.

„Тоа е тековен процес за кој се дискутира, но засега нема конкретен договор“, рече Села.