Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој е лидер на едно од крилата на Алијансата на Албанците, денеска реагира на изјавата на Зијадин Села, кој го предводи другиот дел од членството дека тој (Таравари) по директива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придонел за поделба на Алијансата за Албанците.
„ Мислам дека многу конспирационо мисли. Не ми се допаѓаат тие параноидни идеи. Ние се знаеме девет години со него и мислам дека не му прилега тоа,“ вели Таравари за дел од изјавите на Зијадин Села во синоќешното „Само интервју“ на Канал 5.
„Јас знам дека останав конзистентен во политиката, влегов за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи, додека г. Села, за жал, седна во скутот на г. Ахмети“, вели Таравари.






