„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните“, изјави претседателот на едно од крилата на Алијансата за Албанците, која е дел дел од Европскиот фронт.
,На прашањето зошто треба да се обединат албанските политички партии, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 одговори:
„За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците.
Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, рече Села.






