Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, ги отфрли шпекулациите за поделби во Европскиот фронт во кгостувањето на ТВ Клан.



Села додаде дека без разлика на разликите на партиите кои го формираат Фронтот, заедничка цел останува да се постигне напредок и да се забрзаат уставните измени.

„Не знам зошто се поттикнува дебатата дека фронтот ќе се подели, очигледно тоа е од (страна на) дел од општеството кое ужива во поделби, но и од моето политичко искуство знам дека кога давам збор – го држам.

Ние се обврзавме дека ќе ја направиме оваа политичка формација, стојам на овој збор и немам намера да го прекршам зборот пред другите членови на партиите од фронтот, ниту пред 130-те илјади граѓани кои веруваа во Европски фронт“.

„Но, тоа не значи дека ја напуштаме нашата суштина, бидејќи фронтот е сојуз на различни партии, а на граѓаните им ветивме дека уставните измени ќе се постигнат, бидејќи С. Македонија нема време за губење“, рече Села. Telegrafi