„Луѓето кои бегаат, а немаат образ да се соочат очи в очи со нас, не заслужуваат поддршка од Алијанса за Албанците, без оглед што станува збор за Албанец кој сака да биде шеф на државата“, рече Зијадин Села на партиска трибина во Сарај.



Тој на сопартијците им одговори дека уште не е донесена одлука како ќе се настапи на парламентарните избори и дека одлуката не зависи само од него, туку од партиското раководство.

Во изјава пак, за ТВ Клан Македони не ја исклучи можноста за коалицирање, но рече дека во овој момент не се водат преговори со ниту еден политички субјект.

„Алијанса за Албанците е подготвена на секаква варијанта во однос на изборите, но немаме досега раазговори, а ако започнеме да разговараме со некој политички субјект, ќе информираме“, рече Села.

Од друга страна Тв21 дознава дека крилото на Зијадин Села ги зголемила амбициите и бара од ДУИ 3 до 5 пратеници за да одат со заеднички листи на избори, но, според извори на ТВ21 тоа му предизвикува внатрепартиски проблеми на лидерот на ДУИ, Али Ахмети…