Во изјава за медиумите пред вчерашниот состанок на Претседателството на партијата, претседателот Зијадин Села стави крај на дилемите и шпекулациите дека ќе го напушти Европскиот фронт, пренесува Телеграфи.



Села рече дека информациите дека ќе ја напушти опозициската коалиција доаѓаат од ВРЕДИ.

„Дадениот збор ми е важен. Не знам од каде кружат овие тези, но веројатно од ВРЕДИ. Не знам дали сте ја слушнале анегдотата за лисицата и овенот – тие се однесуваат како лисици“, рече Села.

Тој најави дека ќе излезат на терен и ќе се сретнат со Албанците и со припадниците на другите заедници.

„Мораме да дејствуваме политички и да разговараме со Албанците и другите заедници … Ова што сега се случува не е нешто ново“, рече Села и ја спомена 1990 година, велејќи дека тогаш на Албанците им бил ускратен албанскиот јазик.

Села смета дека во Македонија ќе има предвремени избори.

Таравари ја отфрли можноста да се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните, што ја спомна Села