Села: Мицкоски удира врз унитарниот карактер на државата, оти создава две категории на Македонци, едни во Струмица, а други во Тетово, Струга?!

„Непочитувањето на легитимитетот, според Зијадин Села од Европскиот фронт, значи удар врз унитарниот карактер на државата. Села вели дека унитарниот карактер значи устав за сите граѓани, додека за Мицкоски вели дека создава две категории граѓани, две категории на Македонци.“ – оваа апсурдна изјава Зијадин Села ја даде во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.



ТВ 21 го цитира несфатливото и целосно неаргументирано обвинување на Села во споменатиот контекст, упатено на адреса на премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски: „Не можеш да кажеш ‘Сакам да го чувам унитарниот карактер на државата’, а од друга страна да создаваш две категории граѓани. Унитарниот карактер на државата подразбира устав, пред кој сите граѓани мора да бидат еднакви. Кои се овие две категории граѓани? Да ги иставиме настрана Албанците. Ти создаваш две категории Македонци. Еден Македонец во Струмица, кој има само еден службен јазик, и втор Македонец во Струга, Тетово, Гостивар и Скопје, кој има два официјални јазика, од институционална гледна точка.“