Села: Македонците се варвари и канибали, Заев нека мисли што сака (видео)

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села јавно упатил тешки навреди против Македонците кои што можат да предизвикаат и кривична пријава за говор на омраза на етничка основа.



На емисија на телевизија на албански јазик на 29 септември оваа година Села кажал дека Македонците се канибали (јадат човечко месо) и дека се варвари кои што ги протеруваат атохтоните народи што живеат во Македонија (Албанците).

На прашање на збунетиот новинар што за тоа ќе каже неговиот партнер во владината коалиција премиерот Зоран Заев , Села одговара дека Заев може да се чувствува како што сака и односно дека не го интересираат чувствата на премиерот кој што е Македонец.

Села оваа изјава која што е класичен говор на омраза ја даде пред најавата за формирање  на Заедница на албански општини во Македонија што е надвор од законот.

Пред неколку години Села најави дека ќе го запали македонскиот Парламент затоа што во него се води антиалбанска политика а тој беше еден од нападнатите во инцидентите на 27 април при што беше тешко повреден.

Видеото во кое Села Македонците ги нарекува варвари и канибали е објавено од страна на профилот Јаваш на Твитер

https://twitter.com/Carbonoxid/status/917130902588854273