Првиот човек на Движење за Реформи -ДПА која е дел од Алијансата на Албанците денеска ги повтори заканите дека ако во рок од 100 дена од формирањето на владата не биде донесен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата.
Зијадин Села де надева дека нема да има потреба да ја преземе оваа мерка затоа што владата ќе го донесе контроверзниот закон за Албанскиот јазик. Тој мисли дека нема никаква потреба законот треба да оди на анализа во Венецијанската комисија и со тоа да се загуби драгоцено време, како што најави владата при промоција на планот 3-6-9.
Сепак Села е дециден дека ако во наредниве 60 дена законот не биде донесен владеачкото мнозинство ќе ги загуби трите пратеници на АА и владата ќе падне.
За време на редовното партиско Собрание на неговата партија во Тетово Села пред сопартијците се пофали дека во ребалансот на буџетот се инкорпорирани делови од политичката платформа на неговата партија според кои повеќе пари ќе се сливаат во деловите од земјата каде што живее доминанто или значително албанско население.





