Лидерот на едното од двете крила во Алијансата за Албанците Зијадин Села од студиото на ТВ 21 упати повик и барање до албанскиот политички чинител во Македонија „да се здружат сите, без разлика дали се на власт или опозиција, за да го спречат остварувањето на немилосрдните планови на македонскиот политички чинител и македонската политика кон Албанците и другите заедници“.
ТВ 21 пишува: „Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, на Алијансата за Албанците, Беса, или Демократското движење, во однос на ВМРО ДПМНЕ, во однос на македонската политика. Мора да најдеме заеднички јазик, за да спречиме во иднина да се реализираат планови, кои не се пријателски настроени кон Албанците, но и кон другите заедници.“ – кажа Села во дебатниот магазин „Клик Плус“.
Зиадин Села уверуваше дека протестите, најавени за септември, немаат стремеж да се дестабилизира * Македонија, туку да се искаже незадоволство од кршењето на правата на граѓаните преку нарушувањето на легитимитетот, изразен со нивните гласови. „Протестот не е стремеж за дестабилизација, туку е демократско право. Колку се почести протестите, , толку помалку скршнува власта.“ – рече Села.
Запрашан кој ќе протестира тој одговори: „Граѓаните, поради нивните прекршени права. Една од причините, поради кои мора да се крене гласот на граѓаните заедно со политичкиот чинител, е нарушувањето на легитимитетот.“
Лидерот на едното од двете крила во Алијансата за Албанците Зијадин Села изнесе став и за за новата Влада и нејзините први 100 дена, изнесувајќи своја „загриженост“, бидејќи „не гледа резултати од владината програма. „Новото мнозинство треба да ги покаже првите чекори од спроведувањето на програмата, но овие не ги гледаме.“ – посочи тој.
Села додаде дека „организацијата не треба да зависи само од еден поединец, од премиерот“, туку, според него, „треба да има повеќе политички организации, бидејќи Албанците се уште не постигнале целосна рамноправност.“ „Како општество продолжуваме да бидеме полни со предрасуди. Не ние, туку македонскиот политички чинител е полн со предрасуди кон Албанците… Само што влегоа, беше отстранет балансерот, се отвори Законот за употреба на јазиците…“ – изјави Села.






