„Стојам на ставот дека треба сами да одиме на избори и сум против самоволието во една партија. Нема да дозволам тоа да се случи во моментот кога јас сум претседател на Алијанса“ изјави старо-новиот претседател на АА Зијадин Села во гостување во „24 анализа“
Тој за расколот во партијата го обвини се’ уште актуелниот претседател Арбен Таравари за кого рече дека работи на уништување на АА и се користи како марионета на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога делуваш политички по наредби, не може да се спречи разединување и тој работи на уништување на Алијансата“, кажа Села.
„Се договориме со Таравари дека на изборите Алијанса ќе оди сама и потоа се случи тоа. Не знам кој раководел со Таравари, сега Алијанса се враќа на патот.
Не се потпишав за ниту еден кандидат од ДУИ или АА.
Таравари ја имаше мојата целосна поддршка ако излезеше како кандидат на Алијанса.
Од моментот кога дезертираше, тој не е кандидат на Алијанса“, изјави Зијадин Села.
Во момернтв отворено е прашањето кој е или кој ќе биде формално лидер на Алијанса за Албанците за што треба да одлучи Управниот суд.
И Села и Таравари се колнат дека тие се легитимен претседател. Канцелариите ги поделија, но печатот не го дава никој.






