Села: Албанците не се безбедни во земјава (ВИДЕО)

Лидерот на АА, Зијадин Села со остри критики до албанскиот фактор (ВРЕДИ) во влада, бидејќи , според него, само ги легитимира, како што ги нарече, антиалбанските политики на ВМРО-ДПМНЕ која на власт дошла со антиалбанизам „водејќи кампања дека ќе го укинат балансерот, правото на употреба на албанскиот јазик, итн, итн и денес ги реализираат.



Албанскиот политички фактор во влада не прави ништо. Напротив, ги легитимира и го релативизира злото кое ни се заканува како народ“, изјави Зијадин Села на собир во Албанскиот театар во Скопје, пренесе ТВ21

Тој уште додал дека доколку постојано се прекршува легитимитетот, Албанците ќе завршат на милост или немилост на Мицкоски, Петко, Трајко. Според него, Албанците не се чувствуваат безбедни на милоста на овие луѓе, кои како што рече, и во 80-те не им дозволија на нашите родители да им даваат на своите деца албански имиња.

„Нам ни треба систем кој ќе го направи Албанецот недопирлив како и малцинските заедници. Преку уставниот суд и правото на етничка припадност тие ни го одземаа правото да ги запишуваме децата исто како и нашите родители.

Денес во матичните книги и изводи немаш право да го запишеш детето дека е Албанец.

Денес ни кажуваат приказни од типот дека етничката припадност била чувство. Етничката припадност е форма на живеење, таа е тоа што ни биле родителите, таткото, дедото и прадедото“, тврди Села.

На крајот Села рече дека „сите оние што мислат дека можат да не понижат, тоа нема да се случи бидејќи како што додаде, можат само да ја зајакнат нашата кауза“.