Секој шести компјутер во Македонија инфициран – проверете го вашиот

Македонија е втората земја во Европа според бројот на инфицирани компјутери, објави провајдерот на програми за заштита од компјутерски вируси Нортон.



Според мапата на оваа фирма за напади од „Ботнет“ на првото место е Ватикан каде што е загрозен секој петти компјутер.

Според дефицијата која ја даваат антивирус компаниите „Ботнет“ се група компјутери заразени преку интернет со штетен софтвер кој што на хакерите им овозможува од далеку да преземат контрола на многу компјутери во исто време“.

Вклучени во „Бот мрежа“ овие компјутери креираат силни системи преку кои се шират вируси, генерираат спамови и вршат различни видови на криминал и измами.

Овој вид на компјутерски криминал стана актуелен во октомври 2016 година кога во Европа се случија неколку големи напади во кои беа оштетени милиони корисници на интернет.

По Ватикан и Македонија на мапата на Нортон се наоѓа Швајцарија каде што е инфициран секој 8-ми компјутер.

Меѓу земјите со најголемо населени најзагрозена држава е Русија со над 13 % инфицирани компјутери а од членките на ЕУ најзгрозена е Италија со 10,17 %. Најсилната европска економија Германија има над 8 % инфицирани компјутери од „Ботнет“.

На мапата на градови најзагрозени се Мадрид, Истанбул и Москва.