Ова е податок од истражувањето на „Детектор“ спроведено од Институтот за политички истражувања Скопје.
Дури 32,3 отсто од анкетираните граѓани се изјасниле дека размислуваат или размислувале да се иселат од земјава, додека 63,6 отсто од испитаниците не размислувале за ова прашање.
Да емигрираат најмногу мислат луѓе на возраст од 40-49 години кои изјавиле дека имале и имаат планови за иселување.
Приближно исто е за возрасната група 30-39 години или 42,2%, додека 37,8% од младите го мислат истото.
Причините за иселување се повисоките плати 17,2%, подобрите услови за работа 15,7% и подобрите можности што им се нудат на децата 12,2% како и здравствениот и образовниот систем што го нудат странските земји 11,5%.
Најпосакувана дестинација или 42,7% е некоја од земјите на ЕУ, 6,1% САД или Канада, 4,4% Австрија или Нов Зеланд и 4,9% би избрале која било друга земја во светот.





