Нема ден, а да не остане дефект некој од возовите кои се обраќаат на линијата према и од Скопје. Последни во низата се велешани останаа без превоз, откако возот од Велес за Скопје не бил на перонот. Причина – се расипал. Ова не е првпат да има проблеми со возовите во земјава. Слични ситуации имаше во минатото, што во повеќе наврати ги револтираше патниците.
Според информациите од Македонски железници, истиот воз и пред некој ден попладне тргнал од Скопје за Гевгелија, но останал дефект непосредно по тргнувањето. Поради тоа, истиот воз што утринава требало да тргне од станицата во Гевгелија во 4:40 часот, не сообраќал.

Од Железници велат дека работат на решавање на проблемот, и уверуваат дека во најбрз можен рок ќе се нормализира сообраќајната линија Гевгелија – Велес – Скопје и обратно.
Колку за потсетување, во ноември лани се расипа локомотивата од патничкиот воз Скопје-Битола, која се поправаше речиси две недели овие два града беа лишени од железничка линија. Лани пак напукна мостот на пругата Скопје – Гевгелија во близина на Стоби, и тој период немаше товарен сообраќај, а компаниите се жалеа на милионските штети и мораа да наоѓаат алтернатива.





