Речиси за очекување е да се повторат масовните и конфликтни сцени и жестоките говори од „космосферата“ (космос – народ) во Солун, и на плоштадот Синтагма на 4 февруари за кога е закажан голем митинг против употребата на зборот ‘Македонија“ во идното име на северниот сосед, кое за грчките политичари и јавност сега е пЈРМ.



Од една страна, во Грција постои „патриотски пораст“ околу прашањето кое многумина го сфаќаат лично, продолжувајќи ја борбата на предците да ги бранат националните интереси;

Од друга страна, група млади луѓе се спротивставува на таквиот „национализам“.

„Ако се земеме предвид и вклучувањето на (ултранационалистичката – н.з.) „Златна зора“ во протестите о Атина, се прашуваме каква ќе биде големината на штетата за главниот град и за политичката сцена“, прашува Никос Констандарас, во коментар на „Катимерини“.

Македонското прашање е едно од ретките што не му се допаѓа на мнозинството (во Грција – н.з.), а неодамнешна анкета покажа дека седум од десет Грци не се согласуваат со употребата на името ‘Македонија’ во (некое идно) сложено име на соседната земја“, вели авторот на текстот.

„А сепак тоа е една од причините зошто политичката клима е поостра: Страста околу името е толку интензивна што претходните влади не се осмелија да направат компромис, иако речиси сите земји на планетава ја признаа „Република Македонија“, додека ние се однесуваме како името с’е уште да зависи од нас.

Иронијата е тоа што, додека Грците обично се поделени, ние сме заглавени во ќор-сокак, бидејќи бевме рамнодушни кон фактот дека противниците исто така беа решени да не се предадат… во вакви случаи“, вели Констандарас.