Лажна закана или реално комплицирање на безбедносната ситуација по казните затвор за кумановската група која што уби 8 македонски полицајци во Диво Насеље.
Според ултиматумот испратен до дел од медиумите на албански јазик доколку нема ревизија на пресудите за учесниците во кумановските настани Македонија влегува во нова дестабилизација.
Во новинската агенција Лајм вчера пристигнало известување во име на генералниот штаб на УЧК со седиште во Скопје. Во ова известување со бр. 6, се критикува одлуката на судот за долгогодишен затвор за членовите на кумановската група.
Во ултиматумот од 72 часа од сите Албанци во Македонија е побарано е да ги напуштат сите државни институции каде што се вработени. Ултиматумот од три дена ќе заврши во среда но не се даваат прецизни информации што ќе се случи ако тој не биде испочитуван.
Засега македонските власти не коментираат дали се работи за сериозна закана или само за обид да се привлече внимание во јавноста за случајот во кој триесетина лица добија доголгодишни затворски казни.





