Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани кој вчера беше во официјална посета на Македонија даде изјава која укажува дека сепак е можна промена на преговарачката рамка за Македонија.
Тајани кој ја претставува седмата светска еконмија без да прецизира каде и кој, укажува дека на темата промена на преговарачка рамка сепак се разговара.
Тајани во својата изјава во Скопје не даде прецизен одговор дали Италија би поддржала промена на преговарачката рамка но фактот што Италија како една од најмоќните земји членки на Унијата чека предлози е дијаметрално спротивна позиција од таа што ја застапуваат повеќе други земји.
Досегашната цврста позиција беше дека нема промена на преговарачката рамка а сега се чекаат предлози и формулации.
„Ќе ги почекаме предлозите и формулациите на Република С. Македонија. Мислам дека се дискутира на оваа тема, треба секако да се најде договор со Брисел, ние секако го поддржуваме дијалогот и од стратешки аспект ќе продолжиме да го поддржуваме пристапувањето на Република С. Македонија во што поскоро време“, одговори Тајани во Скопје.






