Скопјани во најнезгодно време, на само два дена пред мечот со Фенербахче останаа без тренер откако Гоце Седловси сосема неочекувано поднесе оставка. Тој со соопштение објасни дека по двата пораза, од Копенхаген во квалификациите од Лигата на шампионите и во првенствениот од Шкендија во саботата, чувствувал одговорност и дека, како човек и спортист што не сака да губи, решил да си замине. Седловски само не објаснува како тоа толку оддолжувал со решението и дали знае дека ова е погубно за Вардар кој според повеќе извори ќе го донесе Чедомир Јаневски да го води клубот, но прашање е дали тоа ќе биде на време, за дуелот со турскиот гигант. Најверојатната опција е досегашниот помошник Александар Васовски да ги предови црвено црните против Фенербахче, а потоа Јаневски да го преземе клубот.





