„Сега во Охрид има полицајци и од Албанија!“ – заменикот-министер за внатрешни работи Исени контра провокацијата на АА на Села

„Од 2014 година полициски службеници од соседните земји како Косово, Албанија, Црна Гора и Србија патролираат со Р*М во текот на летната сезона. Во моментов во Охрид има полициски службеници и од Албанија!“ – реагираше Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи на Република Македонија, преку објава на својот официјален фејсбук-профил. Реакцијата на Исени уследи, откако вчера крилото во Алијансата за Албанците, со кое раководи Зијадин Села, се огласи со дрска политичка провокација кон Република Македонија и нејзината Влада и Министерство за внатрешни работи. По информацијата од средбата на македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот српски колега Ивица Дачиќ дека српски полицајци ќе патролираат во * Македонија, во Охрид, а понудено е и македонски полицајци да учествуваат во патроли во Србија, АА на Села јавно го повика косовскиот премиер Албин Курти да вмеша во внатрешните работи на Македонија и да кажел дали ќе дал, или не, согласност и поддршка за заедничките полициски патроли на Република Македонија со Република Србија?! „Очекуваме да се произнесе Албин Курти за доаѓањето на српската полиција во Охрид! Благодарение на Владата по 35 години српската полиција слободно ќе патролира во Охрид, со овластувања да реагира кон граѓаните, кои ќе го посетат овој град, заради одмор. Дали се согласува Албин Курти со оваа одлука и дали ја поддржува, дали овој случај го гледа во согласност со политиките на Владата и партијата, што ги води“?! – имаше соопштено АА на Зијадин Села на својата вчерашна прес-конференција.

Во својата реакција кон оваа дрска политичка провокација и лаги на АА на Зијадин Села македонскиот заменик -министер за внатрешни тработи Астрит Исени појасни и порача преку фејсбук: Министерството за внатрешни работи на Република * Македонија засилено и одлично соработува со соседните земји на полето на безбедноста преку потпишување договори, протоколи и меморандуми за соработка. Во рамките на оваа соработка, Министерството за внатрешни работи има потпишано и протоколи за соработка во текот на туристичката сезона во 2014 година со следните земји: Албанија, Косово, Хрватска, Црна Гора и Србија.

Овие протоколи интензивно се спроведуваат и секоја туристичка сезона има размена на полициски службеници во туристичките места. Во моментов во Охрид има полициски службеници од Албанија, а врз основа на заемност (реципроцитет), имаме полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република * Македонија во Албанија, Црна Гора и сега од Србија.