Селфи фотографијата која спортистите од Северна и Јужна Кореја ја направија по доделувањето на медалите во мешани двојки во пинг-понг го оправда духот на олимпизмот.



Дека спортот и политиката немаат врска и дека фер-плејот и почитувањето на разликите и инклузија е она кон што се стремат спортистите го покажа на дело.

Односите меѓу двете земји со децении се затегнати, но тоа не беше никаков проблем за пинг-понг двојките да застанат пред апаратот за да го овековечат убавиот момент.

Кина го освои златниот медал, Северна Кореја се закити со сребро, додека бронзата им припадна на јужнокорејските пингпонгари.ТВ24