Три имиња ќе презентирал медијаторот Метју Нимиц на 19 јануари во Њујорк, а предлозите, наводно, веќе биле пристигнати во Атина и во Скопје.
Според информациите до кои дошол грчкиот портал „Real news“ тоа се:
-Северна Македонија
-Горна Македонија
-Нова Македонија
Сепак, како што е наведено, можно е да се претстави и четврт предлог за името дури и во последен момент, додека имињата што, се чини, дека се дефинитивно отфрлени се „Вардарска Македонија“ и „Славомакедонија“ (т.е. словенска Македонија), пишува Huffington Post Greece.
Според постапката, Нимиц ќе ги предадел предлозите на амбасадорите на Грција и на Македонија, Адамантиос Василакис и Васко Наумовски.
Треба да се потсети, пишува Huffington Post Greece, дека непосредно пред средбата во Њујорк, генералниот секретар на НАТО Столтенберг „одлучи да ја посети соседната земја чија кандидатура за пристапување во Северноатлантската алијанса ќе се дискутира во јулиЌ и која зависи од решавањето на прашањето откако Грција објави дека тоа ќе стави вето.
Во средината на април ќе се дискутира и за курсот за пристапување на Македонија во ЕУ и, се разбира, ставот на Атина за тоа.





