СДСМ ја нападна ДУИ

 

 

Со новите неосновани напади на ДУИ кон СДСМ во однос на Албанците се покажува дека партијата на Али Ахмети не се откажува од нивната единствена стратегија на постојано подгревање поделби и етнички тензии, реагираат од СДСМ.



ДУИ:СДСМ н е опозиција на ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ треба конечно да се одважи и да ги напушти овие националистички политики и да разбере дека се несоодветни за нашето мултиетничко општество.

Последните напади на ДУИ кон СДСМ со измислени договори се со единствена цел да ги прикријат нивните тајни договори со ДПМНЕ и нивната соработката.

Само ќе ги потсетиме на гласањето закони во Собранието заедно со ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата“ велат социјалдемократите.

СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот, поделбите и популизмот, без разлика од каде доаѓа“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите го поздравуваат бришењето на националистичкото видео со воени униформи на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со што директно признал дека таквата политика не е добра и воопшто не носи добро ниту на земјата ниту на граѓаните.

„СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот, поделбите и популизмот, без разлика од каде доаѓа“, велат од СДСМ.