СДСМ се фатени живи како шират лажни вести, фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако на веб-страната на партијата беше објавена фотографија од наводна средба Силјановска-Ковачев вчера во Букурешт.
„Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше ‘брат’ на лидерот на СДС, Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со ‘љубави’.
Очекуваме СДС да се извини поради ширењето на вакви брутални лаги кои што се супститут на очигледната безидејност на нивната партија.
Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев“, реагираат од партијата.






