СДСМ смета дека треба да се регулира интернет просторот (ВИДЕО)

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска смета дека во Македонија треба да се регулира интернет просторот.



Говорејќи меѓу другото и на темата социјални мрежи и ,,ботови” на дебата на Телма со колешката портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, Кузеска вели дека нерегулиран интернет простор прави штета и затоа треба да биде регулиран.

Експертот за социјални мрежи Бојан Кордалов во емисијата вели дека во Македонија веќе постојат закони и прописи кои треба да се користат за регулирање на просторот но не треба да има посебна регулација.

Регулацијата на социјалните мрежи и онлајн просторот е горлива тема во повеќе западни демократии каде се уште нема јасни правила на игра.

Овој дел од емисијата од 40 минута

https://fb.watch/qL3O3U9_PF/?mibextid=Nif5oz