Функционерите на СДСМ пред речиси 4 години се фалеа дека до 2020 година обновиле 1500 км патишта.
Четири години подоцна од партијата на Ковачевски велат дека обновиле или изградиле) 1510 километри.
Простатата математика вели дека СДСМ за речиси 4 години обновиле или изградиле само 10 километри патишта или помалку од 2,5 километри годишно.
Тоа значи дека владата на СДСМ и ДУИ за 44 месеци обновувала или граделе по околу 210 метри месечно или околу 53 метри неделно.
На дневно ниво според изјавите на функционери на СДСМ се обновувале или граделе по само околу 7,5 метри патишта.
Ако овие бројки се пресметаат во часови власта на СДСМ и ДУИ граделе по 31 сантиметар на час во последниве 4 години.






