СДСМ прогласи победа во 10 општини

Пратеничката на СДСМ Ивана Туфегчиќ на вечерашната прес конференција изјави дека “повторно граѓаните гласаа фер и демократски избори и притоа одлучија дека се за промени”, пренесува НоваТВ.
„Првично, во овој втор круг од локалните избори, според првичните резултатити имаме победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип“, нагласи таа.
СДСМ победи и во општина Чашка, според партиски извори. Таму се кандидираше Горан Стојановски, јавува Плусинфо..



Според првичните неофицијални партиски информации, СДСМ победил и во Гази Баба.