Занимлива трансформација во врвот на СДСМ, која ја протурка промената на името со „балкански методи“ и спротивно на јасно изразената волја на народот на пропаднатиот референдум, за да промовираат патриотизам по сквернавењето на македонското знаме.
Како реакција на палењето, кинењето и дрифтањето врз државното знаме на Денот на албанското знаме синоќа, знамето на Република Македонија осамна на профилните фотографии на Фејсбук на лидерот Венко Филипче, на потпретседателката Каја Шукова, на пратениците и поранешни министри Оливер Спасовски и Благој Бочварски…





