СДСМ и Фуркан Салиу се соочуваат со затвор за фалсификувањето на потписи на членови на ВМРО-ДПМНЕ

Пуштањето во јавност на лажен документ со фалсификувани потписи е правна основа одговорни луѓе во СДСМ и новинарот Фуркан Салиу да завршат в затвор.



Правни експерти и адвокати тврдат дека пуштање во јавен промет на лажни информации за функционери во СДСМ и новинарот Фуркан Салиу знаеле дека не се вистински а со кои довеле во заблуда други граѓани е сериозно кривично дело за кое може да се добие казма затвор од повеќе години.

Истрага за фалсификатот на СДСМ може да отвори Јавното обвинителство по допрен глас но и по тужба од оштетените Марија Андоновска, Зоран Ставрески и Луке Галески чии фалсификувани потписи се гледаат на фалсификуваните документ кој го објави Фуркан Салиу најверојатно доставен од СДСМ кои подоцна истиот го цитираат во соопштение.

Според експертите ако Салиу во истрага не открие од каде му е документот а СДСМ негира дека авторите се од партијата новинарот се соочува и со кривично дело фалсификување.

Дали во случајот има имотна корист не е толку релевантно затоа што овде основа е во носење на граѓани во заблуда.

Во Кривичниот законик има повеќе кривични дела по кои можат да се гонат СДСМ и Салиу а еден од нив е „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по став 6 од член 379 регулира незаконско ставање потпис на лажна содржина со цел носење на лица во заблуда.

За фалсификувањето и помагањето лажниот документ со лажни потписи да биде објавен има и други кривични дела кои се на располагање на Јавното обвинителство кое дали сега или по промена на власта ќе може брзо да го расчисти случајот кој му е јасен на секој обвинител и судија, тврди еден од експертите со кои комуницираше expres.mk.

Што вели во еден од членовите по кои можат да бидат судени одговорни лица во СДСМ и новинарот Фуркан Салиу:

Измама
Член 247
(1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна
имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со
прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори
или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со
парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон

тоа да прибави таква вредност, ќс се казни со парична казна или со затвор
до една година.
(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се
казни со затвор од три месеци до пет години.
(4) Ако сторената штета надминува значителна врсдност, сторителот
ќе се казни со затвор од една до десет години.
(5) Тој што делото од став 1 го сторил само со намера да оштети друг,
ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(6) Со казната од став (4) од овој член ќе се казни тој што со намера за
себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе доведе друг во
заблуда или ќе го држи во заблуда со лажно прикажување или прикривање
факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен
резултат на спортска игра, и со тоа го наведе да стори или нестори нешто на
сметка на својот или туѓ имот.
(7) Обидот за делото од ставовитс 1 и 5 е казнив.
(8) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со
парична казна.
(9) За делото од ставовите 2 и 5 гонењето се презема по приватна тужба

Поврзана вест

Потврдени уште два фалсификати на лажниот документ на СДСМ