Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е отпочнат со работа на 23.05.2018 годнина.
Рок на изведба на проектот кој е подготвен во времето на ВМРО-ДПМНЕ со пари од Светска Банка е 30 месеци.
Патот требало да биде готов до ноември 2020 година.
Досега се поминати цели 70 месеци од почеток на изградбата, патот се уште не е пуштен во работа но премиерот Џафери и министри од СДСМ и ДУИ се задоволни од проектот.
,,Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, денеска изврши увид на изградбата на експресниот пат Ранковце- Крива Паланка, којшто е значајна патна артерија од Коридорот 8.
Изградбата е поделена во две делници: Длабочица – Чатал со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри, и Крива Паланка – Длабочица со должина од 10 км и ширина на коловозот од 11,4 метри. Моменталната реализација на првата делница е 70% и 87% на втората, а патот се очекува да се заврши до мај годинава.
„Од ова што го видовме на терен, задоволни сме од динамиката, квалитетот и од сѐ она што е изведено досега. Очекувам во соодветен рок патот да биде завршен.
Делницата во другиот дел, како што ме информираа од ЈПДП и министерството е во понапредна фаза, но очекувам до крајниот рок да бидат завршени работите“, изјави вчера премиерот Џафери.
Поврзана содржина
Епитом на една огромна неспособност, евтина пропаганда и шарена лага
Се отепаа од сликање за нешто што требаше да биде финито во 2021 – пишува Горан Момироски






