СДСM нема кредибилитет да го критикува Буџетот за 2025 кој го донесе Владата, кога тие буџетот за 2024 го оставија неликвиден.

Со овој став владејачката ВМРО-ДПМНЕ возврати на прес-конференцијата на пратеничката Јована Теренчевска од СДСМ, во која беа изнесени критики на предложениот Буџет.
– СДС толку добро „работеше”, што од економијата во Македонија направија циркус, а државните каси ги оставија празни. Сега со крокодилски солзи и 200 амандмани, се прават дека се „загрижени” за економијата. Нио, прашањето е: зошто не ги применуваа сите „генијални” решенија додека имаа шанса? – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата го менаџира буџетот со јасен фокус на намалување на дефицитот и зголемување на капиталните расходи, со што ќе донесе вистински развој на државата. Дефицитот е на ниво 4% во износ од 41 милијарда денари и номинално е понизок за 3,3% За време на СДСМ дефицитот изнесуваше околу 4,7% и ова е јасен показател колку лошо ја менаџирале економијата, или пак само краделе, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
– Целата екипа на СДС е како хумористичен стрип.
Капиталните расходи се на ниво 50,6 милијарди денари и бележат раст од 6 милијарди денари во однос на ребаланс на буџетот.
– СДС недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, а студентите без оброци. ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за образованието, постигна договор за раст на платите во образованието. Покачени беа платите на просветните работници и ова покачување не е само 5% оваа година. Во следните 4 години нивните плати ќе се покачуваат за 7.,5 до 10%, а за 2026, 2027 и 2028 година од 10 до 12,5%, што значи најмалку 46% покачување за 4 години се вели во соопштението.
Со буџетот се обезбедени средства и за поддршка на животниот стандард. Пензиите од март ќе се зголемат за 2.500 денари. За таа намена се обезбедени дополнителни 15 милијарди денари.
ВМРО-ДПМНЕ води сметка за сите граѓани од сите категории, особено за ранливите каде има зголемување 500 милиони денари.
– СДС комплетно ги исклучи земјоделците, со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопанство и ЈП Македонски шуми ги остави без плати – вели ВМРО-ДПМНЕ и ветува дека работи за граѓаните, со цел да им обезбеди подобар животен стандард, и ниедна категорија на граѓани да не биде запоставена!





