Дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јована Тренчевска во гостувањето во вестите на Сител телевизија најави дека програмата на СДСМ предвидува просечна пензија од 30.000 до 2028 година, односно до крајот на мандатот на следната владата што ќе ја формираат.



„Фокусирани сме и на пензионерите, со пензионерска картичка со 30% попуст за прехранбени производи, 6.000 денари зимски регрес за секој пензионер, кој ќе се исплатува веќе од оваа година во декември пред новогодишните празници“, нагласи Тренчевска.
Тренчевска истакна дека методологијата за усогласување на пензиите, која е донесена во консултација со сојузот на здруженијата на пензионерите е добро решение кое дава видливи резултати и ја следи инфлацијата и порастот на просечната плата.
„Само за две години од март 2022 година до март 2024 година просечната пензија е зголемена за 30 проценти“, нагласи Тренчевска, додавајќи дека со покачувањето во април просечната пензија ќе се покачи на 21.400 денари, а минималната на скоро 14.000 денари.