Уставниот суд денеска во два круга на гласање не успеа да избере претседател, дознава СакамДаКажам.
Двете кандидатки за местото на кое досега беше судијката Добрила Кацарска, се уставните судијки Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева.
СДК дознава дека од трката за претседателката функција не сакала да се повлече ниту Васиќ-Бозаџиева, која добила 5 гласа, ниту Павловска-Данева, за која гласале четворица од колегите.
За да биде избран, идниот претседател на Уставен треба д добие минимум 6 гласа, односно двотретинско мнозинство.
Третиот круг на гласање се очекува денеска во 14.30 часот.
Мандатот на досегашната претседателка Добрила Кацарска истекува на 2 јуни.






