На Панче Кечовски од скопската населба Драчево, за земјоделско земјиште кое се обработува, спремено по европски стандарди со ИПАРД средства уште од 2013 година, и на кое се одгледуваат цвеќе и зачини, наместо да го ослободи од плаќање данок на имот, Град Скопје му бара да плати данок како за градежно, необработено земјиште, дознава порталот Сакам да Кажам.



На 21.12. 2023 година, службите во Град Скопје му пресметале на Панче данок наназад за 5 години, па сега му бараат над 50.000 денари, односно речиси 1.000 евра да ги плати веднаш.

Интересно е што од Град Скопје не излегле на терен да видат дека на земјиштето се одгледуваат земјоделски култури, а и не се потрудиле ни од имотниот лист од Катастер да прочитаат што е насадено, пишува СДК.

Откако Кечовски случајот го пријавил кај Народниот правобранител, ургентно до градоначалничката Данела Арсовска било испратено укажување со кое бара да ги поништи сите 5 решенија.

Вакви претставки за данок на имот за ниви што се обработуваат, пресметан наназад за пет години, кај Народниот правобранител стигнале уште од петмина жители од реонот во Долно Лисиче…