СДК.мк тврди Шилегов ќе се бори за градски татко на Скопје, пратеникот негира

„Ниту се зборувало, ниту се одлучувало, ниту пак сум размислувал за било какво напуштање на Собранието и било какво друго кандидирање за било каква функција.

Постапките во СДСМ за кандидирање за градоначалници се во тек. Било какви натписи за мене во врска со таа тема, се во доменот на шпекулација“, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.

Шилегов нема да биде првиот македонски политичар кој што по демантирање на медиуми и негирање дека ќе се кандидира за одредена функција подоцна го сторил токму тоа за што пишувале медиумите.