Годишната рата за 33-те автобуси на гас од околу еден милион евра, но годинава ниту ЈСП „Скопје“ ни Град Скопје немаат пари, дознава порталот Сакам Да Кажам
За набавката на автобусите „МАН кои беа набавени во 2020, во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, беше потпишан договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за кредит од 10 милиони евра.
Европската банка сега бара државата да го плаќа кредитот за Договорот за кредитно задолжување беше потпишан во 2019, според кој кредитот треба да го плаќа јавното сообраќајно претпријатие, со Град Скопје како главен гарант и Министерството за финансии како секундарен гарант.
Од Министерството за финансии потврдуваат дека стигнало барање од ЕБОР за наплата на кредитот, дознава порталот „Сакам да Кажам“.
ЈСП „Скопје“ во јануари годинава доби 11 милиони евра субвенции од Град Скопје за исплата на плата и подмирување на обврските.






