СВР-Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје, како и од неовластен огномет, што е практика на свадби и семејни веселби.



Според досегашното искуство, се очекува во наредниот период да се организираат голем број семејни веселби-свадби.

„Секторот за внатрешни работи-Тетово ги потсетува граѓаните дека пукањето со огнено оружје е прекршување на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека глобата за овој вид прекршок според член 31 се движи од 100 до 250 евра“.

Исто така, во зависност од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое е предвидена казна затвор од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија)“, додаваат од СВБ-Тетово. Telegrafi