Се појави сведок на атентатот на Трамп, човек по име Грег, кој за Би-Би-Си изјави дека се обидел да ги предупреди обезбедувањето за атентаторот што го видел на покривот, но дека никој не реагирал.
Снимка на која се гледа како атентаторот на Трамп, 20-годишниот Томас Метју Крукс, чие име го потврди ФБИ, ползи на нискиот покрив над подиумот на митингот во Пенсилванија ги запали социјалните мрежи.
Крукс, воневеројатно кусо време, успеал да испали 5 куршуми од кои еден го погодил Трамп, друго лица загина на лице место а двјцадруги се ранети.
Луѓето бесни коментираат дека не е можно толку ниска точка да не биде обезбедена и забележана од обезбедувањето пред митингот на петседателскиот кандидат.
Пкривот на фабриката бил оддалечен на помалку од 130 метри од подиумот, пишува Би-Би-Си.
Претходно се појавило и видео од Крукс на кое тој е во автомобил и на камера вели дека ги мрази републиканците и Трамп.






