Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го објави назначувањето на свекорот на неговата ќерка Иванка, Чарлс Кушнер, за амбасадор на САД во Франција, јави Си-Ен-Ен.
Џек Кушнер е татко на сопругот на Иванка, Џаред Кушнер. Трамп го нарече Кушнер „брилијантен бизнис лидер“ во областа на недвижностите.
Во 2020 година Кушнер беше помилуван од Трамп неколку години откако беше прогласен за виновен за фалсификување даночни пријави, манипулации со сведоци и незаконски донации во кампањата.
Кушнер, таткото, основач на компаниите Кушнер, отслужи двегодишна затворска казна за тие обвиненија.






