Поради регистрирана инфективна анемија властите во Саудиска Арабија вовеле забрана за увоз на коњи од Македонија. Оваа опасна инфекција што се јавува кај коњите е забележана и во Шпанија поради што судиските власти привремено забраниле секаков извоз на овој вид животни или месо од нив во кралството.
Видот кој е регистриран во Македонија може да се појави и кај зебрите и кај магарињата.
Според властите во Ријад одлуката е донесена врз основа на информациите од Светската организација за здравје на животните и извештаите за инфективна анемија во Македонија и Шпанија.
Македонските власти досега не информирале дека во земјата е забележана ваков вид на опасна инфекција кај коњите или магарињата.





