Изненадувачки, минатата недела меѓу насимнуваните апликации за телефони е платформата за размена на анонимни пораки Сара, развиена во Саудиска Арабија. Во моментов е најпопуларна меѓу тинејџерите во САД, но наскоро, според Fortune, ќе најде примена и во други земји, па се очекува да дојде до уште поголем број на симнувања.



Сара на арапски значи „чесност“, а ја создаде Заид Ал Абидин Тафик, програмер од Саудиска Арабија. Се започна како анонимна евалуација на работодавачите од страна на вработените, а потоа се претвори во платформа за анонимни пораки.

Апликацијата им овозможува на корисниците да пронајдат луѓе кои ги знаат и анонимно да им испрачаат пораки. Самите корисници можат да одредат кој може да им испрати порака, но не се во можност да одговорат.

Покрај основната верзија за мобилни телефони, на Сара може да се пристапи и со најава на официјалниот веб сајт.