Сапак, поскапува парното во Скопје

За нешто над 5% од 1 февруари скопјани ќе плаќаат поскапо парно за 5,03 проценти.



Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, за едно просечно домаќинство во Скопје ќе значи зголемување на месечниот трошок за парно за 100 денари.

Според порвиот човек на РКЕ причина за покачувањето на цената на парнотое зголемување на цената на природниот гас на европските берзи во последниот квартал на 2024 година, како и намаленото учество на топланата ТЕ-ТО во обезбедувањето на вкупните потреби на топлинска енергија за Скопје.

„Оваа одлука е донесена пред сè поради тоа што цените на природниот гас на европските берзи во последниот квартал од 2024 растат и за жал, и во јануари и во февруари имаме ист таков тренд.“ објасни Бислимоваки.

Најави дека во текот на февруари ќе се носи одлука и за потрошувачите во Железара и Автокоманда бидејќи, како што рече, најави за зголемување на цената на парното во тој дел од градот ќе поднесе и топлификација Скопје Север. Одлуката за овие потрошувачи ќе стапи во сила од 1 март.

Двете населби како и делови од Маџари и Хиподром до пред 2 години имаа 24 часовно, таканаречено „железарско парно“.

Автокоманда со блокади ќе го бара правото на „железарско парно“

Цените на природниот гас на максимум по прекинот на транзитот низ Украина