Сан Марино испиша историја со пласманот во дивизијата Ц од Лигата на нациите (ВИДЕО)

Најслабо рангираната фудбалска репрезентација на листата на ФИФА, Сан Марино, испиша историја со пласманот во дивизијата Ц на Лигата на нациите со првата победа на гостински терен во нивната историја од 3:1 против Лихтенштајн.



Тоа беше првпат да погодат повеќе од еднаш во официјален натпревар и првпат да дадат три гола на кој било натпревар.

Двете претходни победи на фудбалските „џуџиња“ исто така дојдоа против Лихтенштајн – во пријателскиот меч во 2004 година и во дуелот од Лигата на нациите во септември годинава, и двете по 1-0, и двете во Сан Марино.

Земјата рангирана на 210. место на светската ранг-листа на ФИФА загуби 199 од 211 натпревари во кои се натпреваруваше. Примија 10 или повеќе голови во седум натпревари.

Сан Марино е минијатурна република во Италија, една од најстарите во светот, со 33.642 минатата година според Светската банка и со територија од само 61,2 квадратни километри.

Славењето на навивачите на Сан Марино во Лихтенштајн на линкот: https://fb.watch/vXwBUam0Hl/