Само 1 од 6 македонски граѓани смета дека СДСМ и ДУИ треба да останат на власт, анкета на ИПИС

Само 1 од 6 македонски граѓани смета дека СДСМ и ДУИ треба да останат на власт покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кај граѓаните, спроведено од Инстититот за политички истражувања Скопје за потребите на емисијата Објектив на МРТ.



Во анкетата од март месец се бележи зголемување на бројот на испитаници кои сметаат дека по наредните избори треба да има промена на актуелната власт.

Во споредба со одговорите од февруари овој број на луѓе кои очекуваат заминување на СДСМ и ДУИ е зголемен за 2 проценти.

Високи 64,4% се изјасниле дека треба да има промена на власта, 17,9% сметаат дека власта не треба да се менува, а 17,7% не знаеле или немале одговор.

Дури 4 од шест испитаници или речиси две третини сметаат дека партиите на Ковачевски, Ахмети и Села мора да заминат.

Ваква огромна негатива за една влада не е забележана во досегашните испитувања во независна Македонија.