Само Ковачевски не го прифаќа предизвикот од ДУИ кој ќе изгуби да се повлече од политиката

„Јас сум во СДСМ од 1994, и од тогаш СДСМ победувал на избори и имал помалку успешни резултати. Ако фудбалски тим изгуби натпревар, треба ли тогаш сите тие фудбалери и тренери никогаш веќе да не се занимаваат со фудбал? Политичарите се занимаваат со политика, тие нудат решенија, граѓаните проценуваат што е во нивни интерес, поддржуваат една или друга политичка партија, често пати и независни кандидати“.



Вака одговори лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на предлогот на министерот Крешник Бектеши од ДУИ губитниците од претстојните избори да се повлечат од политиката. Предлогот на Бектеши го прифатија ВМРО-ДПМНЕ и од албанската опозициска коалиција ВРЕДИ која повика да се потпишат вакви изјави на нотар.