Само еден македонски претседател ја искористил сопругата во изборна кампања (ВИДЕО)

Само еден македонски претседател во историјата на земјата ја искористил својата сопругата во изборна кампања, сите други сопругите и семејствата не ги вклучувале директно во митинзите и јавните настапи.



Единствениот што тоа го направил е актуелниот претседател Стево Пендаровски чија сопруга не само што држи говори и е дел од предизборните спотови во кои го фали сопствениот сопруг туку кампањата на Пендаровски го промовира нејзини говори на социјалните мрежи.

Сопругите на Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов никогаш во кампања не држеа говори колку нивните сопрузи биле добри.

Покрај Црвенковски кој се откажа од трка за втор мандат и Трајковски кој трагично загина на Глигоров и на Ѓорге Иванов не им беше потребна активната поддршка на нивните сопруги за да дојдат до втор мандат.

Според анкетите на Пендаровски нема да му биде доволна поддршката од сопругата Бети за победа за втор мандат како шеф на државата.